Малиот јубилеј - 15 годишнината од одржувањето на манифестацијата „Дојранска софра“ и годинава ќе ги собере на едно место вредните домаќинки, кулинарќи од Дојран и љубителите на дојранските специјалитети.
Некои ги познаваат од менијата на дојранските кафеани, ама вкусови за уште мераци знаат и дојранските домаќинки, а кога станува збор за неизбежните специјалитети од риба, е тука збор да нема свои марифетлуци знаат и дојранските домаќини.
Организатор на оваа фешта од вкусови е Здружението на жени „Дојрана“.
Поводот е да се презентира богатито кулинарско наследство кое се негува од дамнина на ова поднебје, пренесувано од колено на колено, од генерации на новите генерации.
Богатата трпеза со специјалитети од „Дојранската софра“ ќе биде поставена вечерва во хотел „Истатов“ во Нов Дојран. Организациониот почеток е најавен во 20:00 часот, а дегустирањето ќе трае додека има на масата (оти софрата е само традиционален збор за ниска масичка за јадење, макање, сукање).
Имате време да се одлучите дали на покана на организаторите ЗЖ „Дојрана“ ќе се упатите да им ја зголемите манифестацијата и да ги пробате познатите дојрански специјалитети: риба на трска, филети од крап, чипс од крап, ќофте од икра, домашни сукани пити, зелници, татлии, баклава со цветна форма на баклава како да е цртана од геометар, пишии, домашни слатка со плодовите од ова поднебје, шербет раванија и други гурманлаци и десерти од кои ќе ви потече мерак низ усните.
– „Сите рецепти по кои ги подготвуваме јадењата ги научивме од нашите баби и мајки од кои добивме аманет да ги пренесуваме од генерација на генерација. Ние тоа ќе го правиме и во иднина токму преку оваа манифестација“, велат организаторите, членките на Здружението на жени „Дојрана“.
Не го чекајте летото за да ги вкусите дојранските специјалитети. Имате отворена покана од вредните домаќинки од Дојран да и' се придружите на фештата на вкусови од познатата „Дојранска софра“.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во