Честа пролетна намирница на домашните пазари е младото лукче. Освен што е вкусен, ароматичен и незаменлив во многу јадења, младиот лук е важен и за здравјето на организмот.
Лукот е еден од најмоќните природни антибиотици, особено е силен во борбата против 14 различни инфекции, пренесува „Healthy Food House“.
Повеќето лековити својства потекнуваат од присуството на алицин кој ефикасно штити од патогени бактерии, вируси и паразити отпорни на лекови. Лукот е ефикасен и против габичните инфекции.
Кога ќе се проголта, алицинот се претвора во сулфенска киселина, која е најбрз дејствувачки елиминатор на слободни радикали. Најдобар начин да се искористат здравствените предности кои редовно ги нуди овој зеленчук е да се консумира свеж, на тој начин што ќе го згмечите, да почекате 5 минути алицинот да стане активен и потоа да се изеде.
Постојат 4.525 студии поврзани со лукот кои покажуваат дека успешно третира повеќе од 150 болести, како што се инфекциите и болестите на срцето. Лукот е еден од најсилните природни начини за подобрување на здравјето на срцето и спречување на мозочен и срцев удар.
Истражување објавено во „Journal of Nutrition“, спроведено на 55 пациенти на возраст од 40 до 75 години, со дијагноза на метаболички синдром, покажа дека екстракт од лук ефективно го намалува таложењето во коронарните артерии кај луѓе со метаболички синдром.
Други истражувања покажале дека лукот го намалува крвниот притисок, спречува создавање на згрутчувања, превенира васкуларни тегоби, помага во развивање на крвни садови, спречува оксидација на холестеролот, ги подобрува срцевите мускули, спречува дисфункција на артериите и слично.
Лукот уништува дури 14 видови микроорганизми меѓу кои Helicobacter pylori, Candida Staphylococcus Aurus, Herpes Simplex 1 и 2 и други.
Ако се решивте денеска да се почетите со доза природен антиоксиданс - младиот лук, еве еден рецепт од домашната кујна:
Салата со младо лукче – пролетен освежителен вкус полн витамини
СОСТОЈКИ:
2 китки младо лукче
150 гр. сирење
сол
бибер
1 шолја павлака
малку црвен пипер
ПОДГОТОВКА:
Се чисти и мие младиот лук па се сече на кругови, а потоа се става во сад со сирењето кое ќе го издробите, со сол и бибер, црвен пипер и павлака.
Се убаво се меша, се декорира по желба и се послужува.
Можете да ја послужите со нафора, лепче потпечемно на тост, или солени креќери. Најдравје нека ви е.