Неделно утро е. За ранобудните домаќинки, кои сакаат да експериментираат, а може и вредни домаќини кои се почесто се снаоѓаат во кујна, еве рецепт за појадок со вкусно изненадување за домашните - топла, тазе испечена пица, на која може да и' се сладите уште додека сте во пижами, во топлината на вашиот дом.
Потребни состојки:
- 1 шолја кисела павлака,
- 1,5 шолји брашно,
- 1 лажичка прашок за печиво,
- кечап,
- шунка,
- кашкавал.
Подготовка: Помешајте ги брашното и прашокот за печиво, додадете ја павлаката и замесете го тестото. Доколку премногу се лепи, додадете уште малку брашно. Месете околу 5 минути па веднаш ставете го во подмачкано тавче, премачкајте го со малку масло и додадете кечап, шунка, кашкавал и останатите состојки кои ги сакате на пицата. Печете на 220 степени 10-12 минути.
И, неделното утринско дружење со домашните може да почне.
Добар апетит.