Во сезона на настински на организмот му годат топли и свежо подготвени лесни оброци. Оваа чорба ќе ве згрее и засити доволно со витамини и енергетска вредност доволна за потребите на вашето тело.
Потребни состојки:
- 200 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 поголем компир
- 5-6 гранчиња карфиол
- лорберов лист
- сол и црн пипер по вкус
- неколку гранчиња магдонос
Начин на подготовка:
Најпрво ќе се посветите на месото и подготовката на месните топчиња. Во меленото место додајте ги зачините по желба (сув зеленчук, црн пипер, сино исецкам магдонос), промешајте ја смесата и направете месни топчиња, со големина каква што вам ви одговара.
Продолжувате со кромидот. Ситно исецканиот кромид го пропржувате додека не добие стаклест изглед. Потоа во истиот сад ги додавате месните топчиња. Пропржувате додека топчињата од мелено месо не заруменеат. Овде ги додавате и исецканите коцки компир. Пропржувате многу кратно и налевате со топла вода.
Во садот за варење додавете 1-2 листа лорбер и посипувате пола лажичка брашно за густина на смесата. Оставате смесата да врие.
Ги миете цветовите карфиол. По 10 минути од варењето на смесата, во лонецот го додавате карфиолот.
Чорбата е готова кога ќе омекнат компирот и карфиолот. Внимавајте да не претерате со варењето и да не се распадне цветот на карфиолот.
Се служи со павлака, или ако сте по медитеранскиот вкус додајте неколку капки лимон.
Добар апетит и чувајте се од настинките со вкусна топла и богата зеленчукова чорба со месни топчиња.