Ако сте го подготвиле ајварот, на ред се другите вкусни специјалитети од богатата ризница на домашни рецепти. Ви предлагаме, додека се' уште има квалитетни и вкусни пиперови пиперки на пазар и по пиљарте да пробате да ги подготвите на вкусен мариниран начин. Така ќе го задржите вкусот на есенските плодови подолго време за претстојната зима.
СОСТОЈКИ:
50 црвени пиперки
250 мл. масло
250 мл. оцет
1 рака шеќер
1 рака сол
2-3 главици лук
1 китка магдонос
1 кесенце бибер во зрна
ПОДГОТОВКА:
Пиперките се мијат, бришат и им се вадат дршките.
Маслото со оцет и сол и шеќер се става да врие во голема шерпа, па кога ќе зоврие маринадата се ставаат пиперките, а сето тоа се прави на тивок оган. Пиперките се држат во зовриената маринада 5-10 минути, додека не им се набабри лушпата. Тогаш извадете ги од тенџерето.
Претходно треба да ви бидат иссецкани лукот, магдоносот и се заедно се промешува со зрнцата бибер.
Кога ќе се оладат пиперките се редат во тегли, и тоа ред пиперка, па се посипуват со ред од мешавината лук, магдонос и бибер, и така додека не ја наполните теглата до врв.
Во секоја од теглите наполнети со пиперките се дотура од маринадата и се остава теглата отворена преку ноќ.
Наутро, ќе забележите, теглите ќе имаат уште простор да дотурите од преостанатата маринада, бидејќи се исполниле сите празнини од смесата во теглата. Дополнете. За да не пливнат плодовите нагоре ставете гранче целер на врвот од ѕидовите на теглата и затворете со капак.
Сладете се од вака подготвените вкусни пиперки во текот на зимата.