Плодот на тиквицата е повеќе од 90 отсто составен од вода. Тоа го прави извонреден диететски прехранбен производ кој уште повеќе ќе го хидрира телото, и после тоа нема да ви биде жешко.
Тиквиците се одлична летна храна која може да се подготви на различни начини. Можете да ги похувате, да подготвите мусака од нив, да ги користите како подлога за тесто во сендвич потпечен со сирење и зеленчук во рерна, да ги додадете во варива, или од нив да направите кремаста супа.
Подготовката на тиквиците на пареа ќе го задржи поголемиот дел од хранливите материи кои ги содржи, како што се витамините Б и Ц, калиум и манган.
Времето за подготовка потребно на оваа освежителна супа полна со витамини е кратко, а од продуктите ќе ви треба следново:
4 тиквички
1 главица кромид
2 главица (чешњак) лук
1 лажица маслиново масло
сол и црн пипер по желба
Подготовка:
1. Измиените тиквички се сечат во поголеми прстени, заедно со кората и се готви на пареа заедно со излупениот и сецкан кромидот околу десет минути.
2. Сварениот и малку оладен зеленчук го ставате во блендер со сецканиот лук, додавате маслиново масло, сол и црн пипер. Се блендува смесата додека не се добие густа кремаста супа.
3. Послужете со тостирани кришки леб. Добар апетит!