Солена торта како украсно предјадење

Недела, 12 Јануари 2014

Ако сте се заситиле од секојдневната кујна, еве еден рецепт кој ќе ви ги исполни очите и задоволи љубопитството за нови вкусови.  

богатете го вашето домашно мени со вкусно предјадење, за претстојните празници, за гостите, или семејните собирања. Секогаш е потребно, покрај сета подготовка и некое ново кулинарско изненадување за посетителите на вашата трпеза. Ви предлагаме да подготвите вкусна солена торта.

Состојките за подготовка се речиси секојдневно присутни во домашниот фрижидер, но за да знаете колку ви треба за вистински вкус на солената торта, еве ги по редослед состојките:

- 9 јајца,
- 2 кисели павлаки,
- 9 лажици брашно,
- 1 кесичка прашок за пециво,
- сол.

За фил помеѓу корите користете смеса составена од:

- 400 мл павлака,
- 400 гр мајонез,
- малку краставици,
- 2-3 варени јајца,
- 50 гр пршута или врат,
- 50 гр шунка,
- 150 гр фета сирење,
- 300 грама кашкавал
- кечап

Подготовка:

За тестото изматете ги белките со малку сол , додадете жолчки, брашно и павлака и поделете на три дела. Едниот се пече жолт, а во другите два се става малку сецкан и обарен спанаќ и се пече на 200 степени во плех од рерна.

За филот промешајте павлака и мајонез и поделете на три дела.
Во еден дел додадете сецкани краставици, јајца и половина изрендан кашкавал.
Во вториот ставете пршута и малку рендано сирење.
Во третиот ставете шунка и малку кечап.

Наредете ја зелената кора, па првиот фил, жолтата па вториот фил, зелената кора па третиот фил и најгоре изрендајте од кашкавалот.

 

Last modified on Недела, 02 Февруари 2014 - 02:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.