Брза и вкусна Бајадера

Недела, 12 Јануари 2014

Подгответе ја сами, без печење, без миксер, за само 20 минути  

 

Наместо скапите пакувани бајадери од маркетите почестете се од ова блажано десертно задоволство, за Ваша сласт и за Вашите најблиски и пријателите. Се што ви треба се одвоено време од 20 минути, без миксер, без печење во рерна. Но претходно треба да ги набавите потребните артикли. Стандардно нели?! Шеќер, путер, бисквити, чоколадо за готвење, ореви, бадеми, или лешници (по избор) и малку рум, за шмек.

И, ако сте набавиле се’ од наведеното, еве колкави количини треба да искористите за најубавиот рецепт:

● 9 лажица вода
● 200 грама шеќер
● 150 грама ореви, бадеми или лешници
● 250 грама мелени Petit Beurre бисквити
● 170 грама путер
● 100 грама темно чоколадо
● рум

За глазура :

● 100 грама темно чоколадо
● малку масло

За подготовка Ви требат 9 чекори:

1. Во тенџере, додадете вода и шеќер и гответе на тивок оган додека шеќерот целосно не се раствори.

2. Потоа во смесата додадете го путерот. Отстранете го тенџерето од шпоретот и мешајте додека не се раствори.

3. Кога путерот е безмалку истопен, додадете ореви и бисквити – се меша додека не се добие еднаква густа маса .

4. Добиената смеса се дели на два еднакви делови.

5. Се топи чоколадо на пара и помешајте го во првиот дел од смесата, а во втората додадете малку рум.

6. На послужавник или тацна ставете мрсна хартија за печење и ставете го првиот дел од смесата (таа со чоколадо) и со рацете оформете коцка – а за да биде правилна потоа оформете ги рабовите со нож.

7. Над неа, на ист начин додадете ја и другата смеса и сторете го истото со ножот.

8. Остатокот од чоколадото се топи на пара. Во него додадете малку масло и се прелива врз Бајадерата.

Толку – оставете малку да се стврдне и може да се ужива во неа, ако ви се брза. Ако не, следи последниот чекор.

9. Бајаддерата се остава во фрижидер да се стегнат состојките и следниот ден се сече на коцки, на правоаголници, како сакате, па слободно можете да се препуштите на слаткото уживање.

Нека Ви е со сласт.

Last modified on Недела, 02 Февруари 2014 - 02:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.