Вакцинирани над 100 граѓани во ОБ Гевгелија

Среда, 07 Април 2021

Изминатите три дена од почетокот на имунизација на населението од ковид-19 во Општа Болница Гевгелија вакцина примиле вкупно 98 лица, а во текот на денешниот ден вакцинацијата се' уште трае и од утрово надмината е бројката на вакцинирани од над 100 лица.

Од Општа Болница Гевгелија изјавуваат дека интересот од ден на ден се зголемува. Веќе е спуштена старосната граница за добивање термин за вакцинација и во одделението за имунизација се примаат и заинтересираните граѓани на возраст од 70 години па нагоре.
Доколку граѓанинот има интерес за вакцинација потребно е да се јави на својот матичен лекар да му закаже термин за вакцинација преку системот „Мој термин“. Доброволците кои немаат закажано термин може да се пријават на пунктот за вакцинација кој е лоциран во Дијабет одделението при Општа Болница Гевгелија и таму одговорната медицинска екипа ќе ги спроведе во системот за вакцинација.

Гевгелија до сега има 1.497 оздравени лица од Ковид-19 и заедно со вакцинираните 100-на граѓани може да се смета дека имунитет прoтив ковид-19 имаат над 1.600 лица во општината.

Општа Болница Гевгелија денеска работно и во служба на здравјето на граѓаните го реализира денешниот работен ден, 7 април, Светски ден на здравствените работници. По тој повод директорот на ЈЗУ „општа Болница Гевгелија“ д-р Митко Крџев им посака добро здравје на сите вложени во оваа хумана професија во рамките на јавната здравствена установа, посакувајќи им добро здравје и животна сила на сите 260 вработени, од кои дел директно вложени во костец со пандемската закана - коронавирусот.
- „Здравјето на граѓаните е пред се' наш императив во работата, но и грижата за одржување на работниот и кадровиот капацитет на установата е неминовност во оваа исцрпувачка битка со короната. Им упатувам на граѓаните апел да се вакцинираат и да ги намалат последиците од короната кај себе, а со поголемиот број вакцинирани и кај човештвото. Честитки до сите здравствени работници по повод Светскиот ден на здравјето “ порача д-р Крџев.

Опша Болница Гевгелија освен грижата за своите пациенти од постоечките одделенија веќе цела година е во ангажман со посебно наметнатата грижа за корона заболените кои ги има во моментот 480 активни случаи во регионот, од кои 24 се хоспитализирани и над 50 се на дневна инфузна терапија против корона импликациите во организмот на пациентите.

 

Last modified on Среда, 07 Април 2021 - 13:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.