Корона биланс: 1 новозаразен, 37 оздравени, 3 починати

Понеделник, 05 Април 2021

Конечно добра вест во април за застој на трендот на нови корона заразени лица на југот од држвта. Денеска Институтот за јавно здравје известува за 37 оздравени од ковид-19 во регионот на ЦЈЗ Гевгелија, а само еден регистриран случај на новоинфициран со коронавирус во Гевгелија.
Меѓу оздравените 26-мина се жители на општина Гевгелија, а 11 се од општина Богданци.

Денешната вест за енормно опаѓање на бројот на новозаразените меѓу граѓаните од југот на државата го ремети податокот за три изгубени животи во костец со короната. Станува збор за тројца пациенти од Гевгелија на возраст од 56 години, 65 год. и 73 години, сите со дијагноза ковид-19.
Гевгелија за една година од почетокот на првиот регистриран случај на корона во рамките на Општината денеска испиша црно конто на 51-та ковид жртва меѓу своите сограѓани, инаку 63-та жртва во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија и Општа Болница Гевгелија.

Моменталниот број на активни лица во регионот изнесува 465 лица и тоа:
- во Гевгелија има 381 активни на ковид-19,
- во Богданци 69 лица се позитивни на коронавирусот, и
- во Дојран состојбата останува непроменета со 15 активни случаи на корона во рамките на Општината.

Во државата денеска се регистрирани 1.091 оздравени, 301 новозаразени и за жал 37 корона жртви. Во моментот во државата остануваат и понатаму активни 20.802 лица активни на ковид-19.

 

Last modified on Понеделник, 05 Април 2021 - 18:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.