Короната денеска згасна два живота во Гевгелија

Недела, 04 Април 2021

Починаа двајца гевгеличани (64г. и 75г.) и двајцата со дијагноза ковид-19. Смртта ги затекна додека беа на третман на болеста предизвикана од вирусот корона, во болнички услови.

Ова е црната слика на денешниот извештај за состојбата со корона вирусот во општина Гевгелија и регионот на надлежност на ЦЈЗ. Денес Гевгелија ја испиша 48-та ковид жртва меѓу своите сограѓани, инаку 60-та жртва во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија и Општа Болница Гевгелија. 
Добрата страна на извештајот кој го објави ИЈЗ е дека конечно во април бележиме како регион повеќе оздравени отколку новозаразени на дневно ниво.
Во последните 24 часа во регионот на ЦЈЗ Гевгелија се регистрирани 14 новозразени, но и 17 оздравени пациенти од ковид-19. Нивната територијална разместеност е 10 се од Гевгелија, 2 од Богданци и 2 нови случаи на позитивни на корона се од општина ДОоран.
Кај оздравените распоредот е следен: 14 се од Гевгелија, а 3-ца оздравени се жители на општина Богданци.

Денешната ковид слика на активни во регионот е следната:
- Гевгелија има 409 активни случаи на ковид-19 во моментот;
- Богданци е со 80,
- Дојран со 15 активни на ковид-19.

Општа Болница Гевгелија под чија здравствена надлежност се горенаведените општини, во моментот е опседната со болничка терапија, грижа и нега за вкупно 504 лица со дијагноза ковид-19.
Ваков притисок чувствуваат и болничките капацитети во државата во налетот на третиот пролетен корона бран годинава, со моментално активни 21.630 лица на корона на ниво на држава.

 

Last modified on Недела, 04 Април 2021 - 18:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.