Денешниот извештај на ИЈЗ-Скопје ја носи непријатната вест за загубата на животот на 34 годишен пациент од општина Гевгелија како последица од коронавирус во неговото тело.
Алармот е одамна вклучен, стручњаците апелираа за можно присуство на „британски сој“ на коронавирус кој не прави разлика меѓу возрасти и еднакво ги погодува и младите и старите. За жал, потврда за ова е денешниот регистриран најмлад починат пациент, жител а општина Гевгелија со дијагноза ковид-19.
Неговата изгубена битка за здравјето ја испишува 42-та ковид жртва во општински рамки, 53-та во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија.
Денешната ковид слика во моментот е следната:
- Гевгелија има 384 позитивни и активни на коронавирусот во моментoт;
- Богданци е со 79 активни во моментот, и
- Дојран во моментот има 9 активни на ковид-19 (ситуација непроменета веќе десетина дена).
Вкупната бројка на активни во регионот се зголеми на 472 лица во трите општини од југот на Македонија.
Денешната ковид слика ја оптеретија новорегистрираните ковид-заразени 38 лица во Гевгелија, уште 7 во Богданци и 1 лице во општина Дојран.
Од позитивната листа на листата на оздравени преминаа 9-мина од Гевгелија и 1 лице жител на општина Дојран.
Во државата и понатаму остануваат 18.243 активни на ковид-19 што осетно го зголемува притисокот врз здравството и потребата од болнички третман на пациентите заболени од ковид-19.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите
Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска
Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето
Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија
Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот
Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином
Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по
Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“
Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се
Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд
Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“
Почина Д-р Билјана Ичева
Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи
Кривична пријава за гевгелиски угостител
Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19
МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група
По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за
Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа
Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век