Модуларната ковид болница во Гевгелија денеска ја испиша првата ковид жртва во своите простории со смртта на 73 годишен пациент од Гевгелија кој бил овде третиран со дијагноза ковид-19. Се работи за машко лице, жител на Прдејци, општина Гевгелија.
Неговата смрт се регистрираше во билансот на почината од ковид-19 како 26-та ковид жртва од Гевгелија и 34-та во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија и Општа Болница Гевгелија.
Денеска Гевгелија и регионот немаат регистрирано новозаразени од коронавирусот, но затоа пак бележат 5-мина оздравени (3-ца во Гевгелија и 2-ца во општина Богданци).
Изминативе два дена од месец февруари вкупниот број на новопозитивни го надмина бројот на оздравени од ковид, (состојба од почетокот на 2021 г.). Заклучно со денешниот ден, од почетокот на годината до денеска, регистрирани се 165 новоинфицирани со корона, наспроти 130 оздравени. Само во месец јануари состојбата беше во двојна предност на страна на оздравените, со регистрирани 143 новозаразени и 266 оздравени. Со тоа двојната предност на оздравените билдана во текот на месец јануари, во деновите од февруари остана добредојдена само за граѓаните кои ја пребродија болеста, а не станаа фактор за надминување на корона заканата во општински и регионални рамки.
Корона статусот денеска е:
- Гевгелија - 119 активни на корона;
- Богданци - 20 активни на корона; и
- Дојран - 9 активни на корона.
Вкупниот број на хоспитализирани во Модуларната ковид Болница во Гевгелија денеска е зголемен за разлика од вчера и изнесува 10 лица со дијагноза ковид-19.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен