Почина 69 годишен гевгелиски пациент од корона - 24 ковид жртва во Општината
Короната продолжува да шокира, за три последователни дена има нови 29 позитивни во регионот од кои 20 се од Гевгелија.
Наместо смирување трендовите на новопозитивни и понатаму со високи амплитуди на дијаграмот на новозаразени, во нагорна линија.
Денешниот извештај го отежнува и фактот дека короната зеде уште една жртва од Гевгелија - 69 годишен пациент од Гевгелија кој почина во болнички услови. Црната корона статистика во општина Гевгелија достигна 24 изгубени битки со ковид-19 на наши сограѓани. Заедно со починатите од ковид-19 во регионот црната статистика достигна 32 жртви во регионот на трите јужни општини.
Гевгелија достигна бројка на вкупно 1.100 заразени од вирусот на XXI век, а 111 лица моментално се' уште се активни на ковид-19. Досега 965 од заразените успеале да ја пребродат корона заканата во своето тело.
Денешниот корона извештај на Институтот за јавно здравје од Скопје известува и за 17 нови позитивни лица на корона во регионот од кои 10 во рамките на општина Гевгелија, а 7-мина се жители на општина Богданци. Бројот на оздравени за изминатите 24 часа во подрачјето на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија е 3 лица од кои 2ца се од Дојран, а 1 од Богданци.
Корона статусот во монентот е:
- Гевгелија - 11 активни на коронавирусот
- Богданци - 16 активни на вирусот ковид-19 (вкупно заразени 240, оздравени 218, а починале 6 лица како последица од корона);
- Дојран - 10 активни на корона (вкупно 95 заразени до сега, оздравени 83, починале 2 лица од компликации настанати од корона).
На државно ниво денеска ИЈЗ бележи 19 починати лица од компликации предизвикани од корона кај пациенти со ковид-19, 415 нови случаи на ковид-19 од направени 2.549 тестови, а од нив е констатирано дека 244 имаат негативен тест со што преминаа во графата на оздравени.
Во државата има се' уште 6.525 активни лица со ковид-19.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен