Короната во февруарски подем - 119 активни во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Петок, 12 Февруари 2021

Расте бројот на новозаразени во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија. Денешниот извештај на ИЈЗ носи евидентирање на нови 7-мина новозаразени од корона, а 6 мина оздравени. Сите се од подрачјето на општина Гевгелија.

Корона статусот во трите јужни општини кои се во надлежност на гевгелискиот Центар за јавно здравје е следниот:
- Гевгелија во моментот има 101 активни на ковид-19 (од 1.067 досега заразени од коронавирусот 943 оздравеле, а 23 лица ја изгубиле битката со короната во своето тело);
- Богданци во моментот активни има 6 лица (досега се заразени со коронавирус 228 граѓани на општина Богданци од кои оздравени се 216 лица, а 6-мина станале жртва на ковид-19 поради компликации настанати од присуството на вирусот во организмот), и
- Дојран со активни 12 лица ( кумулативнит број на заразени во оваа општина е 92 лица од кои 78 оздравеле, а 2-ца им подлегнале на компликациите настанати од коронавирусот).

Во 11те денови од февруари забележителна е секојдневната евиденција на новозаразени лица со коронавирус, иако има и оздравени, но не во таков оптимистички обем дека вирусот „си заминува“. Очигледно е дека епидемиолошката состојба на вирусот се шири меѓу семејствата.

Најпечатлива е состојбата во општина Дојран која важеше за граѓански дисциплинирана по прашањето на дистанца, негрупирање и почитување на антиковид мерките. Но, очигледно и овде низата јануарски празници придонесоа кон олабавување на дисциплината кон заштита од вирусот. Така, во општина Дојран во последните три дена се евидентирани 5 новоинфицирани со вирусот корона, а вкупно 8-мина во месец февруари. Напоредно со тоа бројот на оздравените во месец февруари во општина Дојран е исто така 8 лица, но клиничката слика на заболените од ковид-19 од месец јануари не се подобрува па нивниот број се води како активни иако се со јануарска дијагноза. Денешниот број на активни во Дојран е зголемен на 12 лица во моментот. Секојдневното детектирање по еден или двјца новозаболени укажуна на тоа дека во Дојран епидемиолопката состојба со вирусот не е смирена.

Вкупниот број на новозаразени во регионот за месец февруари е 83 позитивни на корона, а 94 од претходно позитивните на вирусот преминале во графата оздравени. Впечатокот е дека новозаразените во месец февруари како да се во „трка“ да го претекнат борјот на оздравените, кој во јануари беше двојно поголем (во корист на оние кои го победиле вирусот во своето тело).

Чувајте се од вирусот. Прашање е на време кога британкиот мутиран тип ќе стаса кај нас на југот, а истиот важи за 70% побргу пренослив кај човекот, и 30% посмртоносен. Министерството за здравство пред два дена ја отвори апликацијата за електронско пријавување за вакцинација против ковид-19 на сајтот vakcine.mk и секој заинтересиран граѓанин може сам преку електронски пат да се пријави и да закаже вакцинација.

 

Last modified on Петок, 12 Февруари 2021 - 17:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.