Почина 63 год. пациент - 23та ковид жртва во Гевгелија

Недела, 07 Февруари 2021

Веќе два дена едноподруго во февруари Гевгелија бележи новозаразени од коронавирус, а ниту еден одравен пациент. Епидемиолошка слика за февруари ја влошува и денешната вест за загубата на 63 годишен пациент од општина Гевгелија. во битката со короната во своето тело. Смртта го затекла додека бил хоспитализиран, во болнички услови.
Ова е 23-та ковид жртва евидентирана во рамките на општина Гевгелија, инаку 31-ва во регионот на ЦЈЗ Гевгелија.

Февруарскиот корона залет денеска донесе шестмина (6) новоинфицирани со корона вирусво општината, со што вкупната бројка на досега заразени изнесува 1.039, од кои 894 се оздравени, а во моментот 123 се сеуште активни на ковид-19.

Во регионот на ЦЈЗ Гевгелија спаѓаат во надлежност и општините Богданци каде се' уште има 17 активни на ковид-19 и општината Дојран каде има 9 лица активни на вирусот корона. Се' вкупно 149 активни на вирусот во регионот.

Во првата недела од февруари во трите општини од југот во надлежност на ЦЈЗ Гевгелија регистрирани се 48 новоинфицирани со корона и 32 оздравени, со што короната го започна својот пост празничен тренд на ширење меѓу луѓето, наспроти јануарскиот тренд на пораст на бројот на оздравените двојно повеќе спрема бројот на новозаразените.

Ваков нагорен тренд на короназаразените се бележи и во државни рамки со подигање на кривата во графиконот на евидентирани дневни бројки на заболени пациенти од ковид-19. Во јануари бројот на активни падна од петтоцифрен на четвороцифрен, но во февруари почнаа да растат четвороцифрените податоци по 100-на дневно новозаразени од корона. Денеска на ниво на државата евидентирани се 199 новозаразени од направени 1.846 тестови, што е 10,78% од вкупниот број на тесторани за изминатите 24 часа. Активни на корона во земјата се се' уште 7.875 граѓани.



Last modified on Недела, 07 Февруари 2021 - 18:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.