Пандемијата го намали бројот на новороденчиња

Среда, 20 Јануари 2021

Родилниот биланс во Општа Болница Гевгелија за 2020 изнесува 56 новороденчиња, а за 2019 за едно новороденче повеќе 57. Две години порано, во 2018 родилниот биланс бил 140 бебиња донесени на свет во гинеколошкото одделение во Опш. Болница Гевгелија, а година дена претходно имало 223 новороденчиња (за 2017 година).

Ова се должи на затечената состојба во Болницата во 2017, па и на преминот од 2018 во 2019 година, со немање тим на гинеколози кои ќе обавуваат породувања, како пориродно така и по пат на царски рез. Значи, кадровата политика на подготовка на специјалисти доктори навремено пред напуштањето на колегите по пат на пензионирање, не била соодветна и временски следена. Заради тоа родилките од нашата општина се упатуваа својот пород да го донесат на свет во други родилни центри во државата.

Тоа значи дека бројот на новородени жители на Гевгелија е поголем од статистиката на новородени во Општата Болница Гевгелија. Така, во изминатата 2020 година вкупниот број на новородени бебиња во ОБГ и другите родилишта во државата изнесува 161.

Но, впечатокот е дека немањето специјалистички тим на гинеколози ја депласирале работата на ГАК, па од 2018 до 2020 бројот на родилноста во гевгелиската болница опаднал за 60%, а во однос на 2017 опаѓањето е цели 75%.

Фактор за ваквиот драстичен пад на родилноста на гинеколошкото одделение во Гевгелија е немањето стручен лекарски тим за изведување на природни или со хируршки зафат породувањата на родилките од нашиот крај.

Ако се земе предвид и бројот на вкупно родени бебиња од жителки на општина Гевгелија кој минатата година изнесуваше 161, впечатокот за намалувањето на наталитетот останува. Причината може да се побара и кај пандемските услови на живот. Стручњаците предвидуваа дека изолационите мерки и полициските часови за спречување на ширењето на корона епидемијата ќе предизвика „бејби бум“ кон крајот на годината, но очигледно дека планирањето на семејството во услови на пандемија ги воздржа младите семејства од таквиот „бум“. Инаку, со раѓањето на првиот жител на општина Богданци за 2021 по пат на царски рез во Општа Болница Гевгелија, на 6ти јануари годинава, јавноста дозна дека лекарскиот тим за хируршки породувања во ОБГ е веќе комплетиран и функционален. н.з)

Сепак, општата слика дали е ова намалување на наталитетот предизвикана од пандемијата, или фактор на влијание има иселувањето на младите брачни парови од општината ќе покаже најголемата демографска операција на населението, а тоа е пописот најавен за април годинава.

 

Last modified on Среда, 20 Јануари 2021 - 22:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.