Короната низ бројки: Расте бројот на оздравени во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Понеделник, 18 Јануари 2021

После 177 дена од 2-от есенско-зимски корона бран во регионот на ЦЈЗ Гевгелија денеска нема регистрирано ниту еден нов случај на новоинфициран од вирусот корона, ниту оздравен од ковид-19, целосно не' нема во корона извештајот на Институтот за јавно здравје на РСМ.

Во овие повеќе од петипол месеци ЦЈЗ Гевгелија испиша 146 извештаи содржани во дневните извештаи на ИЈЗ за ковид состојбата во државата, со бројна состојба на новозаразени, оздравени, но за жал и 29 смртни случаи во регионот.

Бројката на оздравени осетно порасна со 183 случаи во текот на изминатите 17 денови од јануари и до денеска е двојно поголема од бројот на новозаразените во истиот период. Бројот на оздравени осетно порасна прваата недела од јануари (96), а се дуплираше во следните десет дена од месецот (87).
Бројката на новоинфицирани од вирусот во текот на месец јануари од новата 2021 година порасна на 90 случаи заклучно до денеска, со тоа што бројката на новоинфицирани почна да опаѓа на дневно ниво, па во јануари беа регистрирани четири денови без ниту еден случај на нови позитивни лица на корона.

Сепак, вирусот е тука. Присутен е кај 176 активни случаи на ковид-19 во трите општини за кои е надлежен ЦЈЗ Гевгелија. Сегашниот територијален распоред на активните на ковид-19 е следниот: 8-мина се жители на општина Дојран, 38 се од општина Богданци, а 130 се од општина Гевгелија.

Според бројот на вкупно заразени досега предничи Гевгелија со 953 заболени, од кои 802 оздравеле, а 21 не се избориле за своето здравје во сукоб со коронавирусот во своето тело. Сепак леталитетот (смртноста од корона) е најниска во регионот со 2,2% и е пониска од државниот просек.
Богданци е следната општина по број на заболени во регионот, каде кумулативно од почетокот на епидемијата се евидентирани 214 заразени од корона, од кои 170 се оздравени, а евидентирани се и 6 смртни случаи. Леталитетот (смртноста од корона) изнесува 2,8% и е највисока во регионот на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија.
Општина Дојран има вкупно 81 заразени до сега, од нив 71 се оздравени, 2-ца ја изгубиле биткта со короната. Смртноста изнесува 2,5%.

Стручњаците предвидуваа втор зимски корона бран некаде 18-19 јануари доколку граѓаните не се придржуваа на мерките за спречување на коронавирусот за време на новогодишните и божиќните празници. Еве денеска е 18-ти јануари, Гевгелија и регионот немаат ниту еден регистриран нов случај на корона. Ова е резултат кој треба секојдневно да се повторува до искоренување на заразата од нашите подрачја.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.