Неизвесноста во битката за здравјето со короната се покажа во своето смртоносно светло - вчера 60 годишен жител на општина Гевгелија почина како последица од компликации предизвикани од коронавирусот. Смртта настапила во болнички услови. Ова е содржано во последниот извештај за состојбата со коронавирусот во нашата здмја подготвен од страна на Институтот за јавно здравје, а објавен на 13 јануари и се однесува за изминатото деноноќие.
Од Општа Болница Гевгелија официјалното известување од д-р Крџев е дека починатиот бил корона позитивен и бил хоспитализиран во Ковид одделението при општа Болница Гевгелија. По влошувањето на состојбата бил пренесен на Инфективна Клиника во Скопје. По десетина дена починал како резултат на компликации во организмот од ковид-19. Инаку конкретно, се работи за машка особа, жител на Прдејци.
Последниот смртен исход од корона е 21-ва ковид загуба за општина Гевгелија, а 28-ма регистрирана ковид жртва во рамките на регионот на ЦЈЗ Гевгелија, втора по ред во новата 2021, што значи дека присуството на короната во регионот и последиците врз човековото здравје се' уште не сме ги надминале.
Истата предизвика пораст на леталитетот (смртност од корона) во регионот за 0,1 од сто и сега изнесува 2,3%. Инаку светската стапка на смртност изнесува 2,14 %. Од 92.767.845 заразени од корона во светот починале 1.986.696 жители од светската популација.
Според ИЈЗ во регионот на Центарот за јавно здравје Гевгелија состојбата со бројот на активни случаи на корона е непроменет и изнесува 211 активни позитивни лица на вирусот корона. Регистрирани се нови 5-мина заразени и 4-ца оздравени.
Кумулативната бројка на заболени од ковид-19 во регионот на трите јужни општини до сега изнесува 1.230 граѓани. Од нив 81 се жители на општина Дојран, 210 се од општина Богданци, а 939 се жители на општина Гевгелија. Петмината новоинфицирани со корона се од подрачјето на општина Гевгелија.
Кумулативната инциденца (ширење на заразата меѓу населението) за ЦЈЗ Гевгелија изнесува 3.576,4 и е повисока од Куманово (3.461,4) и Битола (3.078) кои важеа за корона жаришта во државата со 182, односно 147 корона жртви, последователно.
Ова значи дека епидемиолошката состојба и понатаму треба да се одржува под контрола со почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот помеѓу населението за да не испишуваме корона рекорди, како општина и како регион, пред побројните и здравствено позагрозени општини од бројноста на корона позитивни меѓу своите граѓани.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на