Олабавува корона заканата во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Среда, 13 Јануари 2021

Јануарските извештаи за присуството и инциденцата на корона врусот меѓу населението во Гевгелија и регионот на Центарот за јавно здравје укажува на секојдневна регистрација на оздравени од ковид-19, а 1/3 од деновите нема регистрирани нови позитивни случаи на корона.
Така, сумарниот број на корона позитивни во текот на изминатите 12 јануарски денови што Институтот за јавно здравје ги има регистрирано е 67 позитивни случаи на корона, (новозаразени граѓани), но и зголемен број на оздравени, вкупно 138 во изминатите 12 дена (од 1 до 12 јануари 2021).

Оптимистички делува и податокот дека се намали осетно потребата од дневна инфузна терапија на заболените од ковид-19 која се обавува во новоизградениот Дневен ковид центар при Општа Болница Гевгелија. Дневниот проток на пациенти со лесна ковид слика е речиси преполовен, намален за 50%, па веќе отсуствува сликата од некогашните гужви и редици присутни во декемврискиот корона пик пред Дневниот ковид Центар во Гевгелија.

Моменталната корона слика за Гевгелија и регионот вели дека имаме активни на вирусот 211 граѓани од трите јужни општини. Дека нивната позитивна епидемиолошка анализа на короната не е со тешки клинички слики, односно дека отсуствува клиничката тензија на вирусот укажува фактот што само 9-мина од заразените побарале лекарска помош со хоспитализација во ковид одделението при гевгелиската Болница. Тоа значи дека во моментот ковид одделението е исполнето со 40% од расположивите капацитети, односно дека има на располагање уште 13 легла, ако граѓаните од регионот имаат потреба од болничко сместување и лекување.

Ова се оптимистички податоци дека короната олабавува, секако како резултат на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, ограничените групирања на граѓаните, скратеното работно време на угостителите, носењето заштитни маски и совесниот однос на граѓаните.

Дека короната е уште меѓу нас, како закана, укажува податокот на 211-те граѓани активни на корона во моментот од вкупно до сега заразените 1.225 лица од кои 81 лице од општина Дојран, 210 од општина Богданци и 934 граѓани од општина Гевгелија.

До доаѓањето на вакцината останува доследното почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот - носење маски, држење физичка дистанца, одбегнување групирања, често миење раце, за зачувување на нашето здравје и здравјето на најблиските. 



Last modified on Среда, 13 Јануари 2021 - 04:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.