Корона 2021 - 2:1 во корист на оздравените

Четврток, 07 Јануари 2021

Галопирачкиот минатогодишен корона тренд, на почетокот од 2021 покажува знаци на стишување. Првиот ден од јануари во регионот на Центарот за јавно здравје Гевгелија регистрирани беа 4 новоинфицирани лица со коронавирус, но и 9 оздравени.
Денеска статусот на короната за изминатите 24 часа е ниту еден нов случај на позитивни лица на корона, а 4-ца оздравени.

За оваа прва недела од јануари, вклучително и денешниот божиќен ден, во регионот на Гевгелија евидентирани се двојно повеќе оздравени (96) наспроти позитивните лица на корона (45). Односно, од вкупно опфатените лица во овој неделен корона дневник, 68% отпаѓа на оздравените, а 32% на новозаболени лица од корона во трите јужни општини, Гевгелија, Богданци и Дојран. Ова е сериозна најава на смирување на есенско-зимскиот корона бран, секако како придобивка на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот кои во Гевгелија и регионот доследно се почитуваа.

Статусот на короната кумулативно до сега е: Вкупно 1.202 заразени од корона вирус во поздрачјето на ЦЈЗ Гевгелија, од кои 81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци, а 888 од корона заразените се од подрачјето на општина Гевгелија. Во моентот активнина ковид-19 се 231 лице од регионот. 

Полициските извештаи за текот на новогодишната ноќ известија дека во регионот немало групирања, а со тоа е намален ризикот на ширењето на коронавирусот. Дали ќе остане трендот на оздравување актуелен и понатаму, а трендот гевгелискиот ЦЈЗ да биде изоставен од извештаите на ИЈЗ со нови новоинфицирани случаи на корона, ќе покаже времето, односно потребниот период на инкубација на новоинфицираните. Така да, стручњаците будно ги чекаат резултатите од корона сликата во регионот и државата некаде кон средината на месецот јануари.



Last modified on Четврток, 07 Јануари 2021 - 21:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.