Корона 2020 - ја испративме со 1.170 заразени од ЦЈЗ Гевгелија

Понеделник, 04 Јануари 2021

Пандемската година 2020 Гевгелија и регионот на Центарот за јавно здравје Гевгелија ја завршија со 1.170 вкупно заразени во текот на 11 месечната епидемија во државата и регионот. Од нив 76 беа од подрачјето на општина Дојран, 199 од Богданци, а 869 беа жители на општина Гевгелија.

Од заразените со потешки и полесни симптоми на болеста успееја да се излечат и оздрават 858 лица од трите општини од југот. За жал 26 лица не успееја да се справат со короната и нивниот организам ја изгуби битката со опасниот вирус.
До 31 декември Гевгелија и регионот имаа 286 лица активни случаи на корона вирусот.

Најтешка беше корона состојбата во текот на месец декември кога речиси го достигнавме пикот во регионот. Осумнаесет денови од месецот (повеќе од половина) беа регистрирани по двоифрен број на новозаразени од корона. На два пати се достигна максималниот број на дневно заразени од 33 лица, а рекорднот беше на 11 декември со бројка од 38 новоинфицирани во еден ден. Во текот на декември се регистрирани 12 починати лица, што е 46,15% од вкупниот број на починати од корона во регионот во целиот период додека трае пандемијата.

Во декември регистрирани се 413 заразени од корона во трите јужни општини во надлежност на ЦЈЗ Гевгелија и 332 оздравени.
Иако бројката на оздравени е во пораст сепак во предност се новите случаи позитивни на корона, што е индикатор дека вирусот побрзо се шири отколку што заразените успеваат да се излачат и оздрават. Ова е и очигледен факт бидејќи инкубацијата на вирусот до моментот на појавата на симптомите трае од 5 до 7 денови, а лечењето може да трае од две недели до два месеца, во зависност од клиничката слика која ќе ја предивика вирусот во организмот.

Добар податок е што во ковид одделението при Општа Болница во Гевгелија се намалува бројот на хоспитализираните лица од корона. Во текот на декември бројката на хоспитализирани достигна до 22 лица, за време на новогодишната ноќ беа 12 пациенти од ковид-19 згрижени во болнички услови, а следниот ден на 1 јануари биле испишани двајца павиенти и останале само 10 хоспитализирани.
Оптимистички податок е и намалувањето на бројот на лица кои бараат инфузна терапија во Дневниот ковид центар. Значи, иако имаме секојдневно позитивни лица, некои се суспектни, но не развиваат болнички симптоми за да имаат потреба од инфузна терапија.

За жал, трендот на короната продолжува и во Новата година. За трите изминати денови од јануари регистрирани се нови 10 позитивни на корона, но и 25 оздравени. Утешително е тоа што бројот на оздравените е за еден ипол пат поголем од бројот на новоинфицираните.

Ова значи дека препораките до граѓаните и понатаму да останат доследни на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот со носење заштитна маска, одржување физичка дистанца, одбегнување групирања и често миење раца, се особено важни за да се одржи здравственото ниво на граѓаните.



Last modified on Понеделник, 04 Јануари 2021 - 14:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.