Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Tројца новозаразени со корона во Гевгелија

Среда, 16 Септември 2020

Институтот за јавно здравје известува за нови 163 заразени со корона вирус во државата, регистрирани со изведена анализа на 1.721 тестови. Од новодетектираните случаи на корона тројца новозаболени со ковид-19 се од Гевгелија. Со тоа бројката на позитивни на корона и заболени од ковид-19 во Гевгелија изнесува 37.

Останатите се територијално дистрибуирани по следните општини: Скопје-33, Струмица-18, Куманово-17, Тетово-13, Кочани-11, Гостивар-8, Дебар-3, Прилеп-7, Велес-6, Штип и Кавадарци-5, Струга-3, Битола-4, Гевгелија-3, Охрид-2, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Македонски Брод-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти во државата за изминатите 24 часа.

ИЈЗ излезе со извештај дека во изминатата недела од 07.09 до 13.09.2020 тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, и забележано е намалување од 14.2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 10,8% во однос на минатата недела.

Во овој период само на подрачјето на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија регистрирани се 16 новозаболени од корона, од кои еден случај од Дојран и три случаи во Богданци.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=202; 28,7%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крива Паланка -96,2/100.000.

Од почетокот на епидемијата до сега кумулативната бројка на заболени во Гевгелија и регионот изнесува 92 случаи на ковид-19, а инциденцата на заболување изнесува 258,8 (број на заболени на 100.000 жители).


Last modified on Среда, 16 Септември 2020 - 16:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.