Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Гевгелија со корона денеска: еден оздравен, остануваат 15 активни

Вторник, 01 Септември 2020

Првиот ден од септемви Гевгелија го започнува со евидентирање на уште еден случај на оздравен од ковид-19. Тоа го извести Институтот за јавно здравје заедно со извештајот за 358 оздравени во државата во изминатите 24 часа и 115 новозаразени од коронавирусот.

Денешниот статус на корона во Гевгелија е 15 активни од 36 заболени од почетокот на корона епидемијата со првиот евидентиран случај во Општина Гевгелија. Бројот на оздравените се покачи на 21 лице кои биле позитивни на корона.

Во регионот остануваат евидентирани и 2-ца позитивни на корона во општина Богданци. Вкупниот број на заразени на корона во регионот на здравствената надлежност на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија до сега е 52 лица.

Состојбата на последните случаи на корона позитивни во регионот беше асимптоматска, па со новата одлука на Комисијата за заразни болести која работи при Министерството за заравство, позитивните на корона кои се асимптоматски после 10 дена без контролен тест се бришат од регистарот на активни и се евидентираат автоматски кај матичниот лекар како оздравени. Таква е постапката и кај пациените со позитивен корона тест кои се со лесна симптоматска слика, па ако нема влошувања, после 20 дена од евидентирањето на позитивниот тест и со домашна изолација, во евиденцијата на матичниот лекар автоматски се впишуваат како оздравени пациенти од ковид-19, без правење и чекање на два последователни негативни теста на корона.

Состојбата во државата во првиот ден од септември и почетокот на седмиот месец од корона епидемијата во земјава е следна: Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 14.455, бројката на оздравени пациенти е 11.525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.326.


Last modified on Вторник, 01 Септември 2020 - 19:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.