Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Пет нови случаи на Ковид19 во Гевгелија

Сабота, 22 Август 2020

Во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје според извршените тестови во изминатите 24 часа констатирано е дека во државата има 159 новозаболени од корона вирус, од кои 5-мина од Гевгелија.

Ова е сумарна бројка на констатирани 5 позитивни тестови со земени материјали за тестирање од Центарот за ЈЗ ПЕ Гевгелија. Со тоа вкупната бројка на заболени од вчерашните 34 во реонот на здравствена надлежност на Центарот за јавно здравје на Гевгелија (oпштините Гевгелија, Богданци и Дојран) се зголемува на 39 заразени.

Вчерашната слика на активни беше 4 позитивни корона случаи во Гевгелија, 5 позитивни во Богданци и познатите 7 случаи од Дојран кој се' уште се водат како активни. Со денешниот извештај на ИЈЗ корона мапата за 22 август се промени на: 9 активни случаи со корона во Гевгелија, што значи сите нови случаи се евидентирани на корона мапата за Македонија на подрачјето на Општина Гевгелија. 

Со тоа бројката на вкупно заразани со корона вирусот во Гевгелија, од првиот евидентиран случај до сега изнесува 24 лица. Во општина Богданци бројот на заразени од вирусот на  XXI век е вкупно 8, за Дојран познатите 7 случаи на корона позитивни.

Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид-19.

Од кога е почната корона кризата досега во Македонија се заразени вкупно 13.458 лица, оздравени се 10.052, починале 563 лица. Во моментот како активни случани се водат 2.843 лица.


Last modified on Сабота, 22 Август 2020 - 16:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.