Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Уште еден оздравен од корона во Гевгелија

Вторник, 15 Септември 2020

Последните податоци добиени од ИЈЗ - Скопје веат дека од 1.404 тестирања на пациенти сомнителни на корона, или од епидемиолошките анкети на веќе заболените, за изминатите 24 часа, денеска се утврдени нови 98 позитивни случаи на корона во државата.

Нема нови случаи за Гевгелија.
Од досега евидентираните заразени и болни на ковид 19 на ниво на држава се утврдени 104 оздравени пациенти, од кои еден оздравен е од Гевгелија.

Денешната Корона состојба за Гевгелија е 34 активни лица. Активни се 11 лица во Богданци и 1 во општина Дојран.
Од почетокот на епидемијата трите општини од југот Гевгелија, Богданци и Дојран испишуваат на корона мапата на Македонија 89 заболени до сега, што претставува подрачје на здравствена надлежност на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија. Од вкупниот број 8 лица се жители на општина Дојран, 14 на општина Богданци, 12 се странски државјани на работа и престој во Гевгелија, односно вкупно 67 заразени од коронавирус се на подрачјето на општина Гевгелија (односно 55 жители на општина Гевгелија).

Во ивештајот на ИЈЗ стои дека тешката средба со коронавирусот со смртни компликации во изминатото денонокие завршила кај 9 лица. Починати се пациент од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г).

COVID-19 т.е новиот корона вирус, е инфективна болест која што предизвикува симптоми слични на грип: треска, кашлица, задишаност, а понекогаш и стомачни проблеми. Вирусот беше непознат до епидемија во Вухан (Wuhan), Кина во декември 2019.

Во светот вирусот корона досега зарази 29,3 милиони лица. Најголем број од заразените по држави се во САД 6,5 милиони жители, следува Индија со 4,9 милиони па Индија со 4,3 заразени од коронавирус. Во светот од компликации со ковид -19 досега починале 930.028 лица од светската популација.


Last modified on Вторник, 15 Септември 2020 - 19:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.