Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Гевгелија со 4 оздравени и еден нов случај на корона - 58ми позитивен

Вторник, 08 Септември 2020

Последниот 18-ти по ред корона извештај за Гевгелија во текот на летото го донесе и новиот 46-ти случај на корона заразен во Гевгелија. Добрата вест е што во денешниот корона биланс за Гевгелија има 4 оздравени случаи од досега регистрираните заболени од ковид-19 во Општината.

Комплетниот корона извештај за Гевгелија денеска според податоците од Институтот за јавно здравје е: 74 заразени од почетокот на епидемијата на подрачјето на здравствена надлежност на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија, од тоа активни се 43 случаи на корона позитивни лица. Во целината на корона сиката за Гевгелија влегуваат и податоците од општините Дојран и Богданци. Така, од досега заразените 7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани, гранични полицајци од Чешка.

На корона мапата на Македонија Гевгелија денеска се покачи со оздравени 28 случаи на заболени од ковид-19. Како активни на корона се водат 30 случаи само во општина Гевгелија од 58 вкупно заразени на ниво на општина (вклучително и 12те странски државјани заразени додека се на работа и престој во Гевгелија).
Во регионот на надлежност на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија има уште 3ца оздравени во Богданци и 7 во Дојран, како и уште 2-ца активни на ковид-19 во Богданци.

Денешниот извештај на ИЈЗ за состојбата со короната на ниво на државата е 99 нови детектирани случаи на корона и 214 оздравени пациенти за изминатите 24 часа на направени 1.384 тестирања.

Починати се 8 лица, два пациенти од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г). Седум пациенти се починати во, а еден пациент е починат вон болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.226, бројката на оздравени пациенти е 12.700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.895.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациенти. На кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Last modified on Вторник, 08 Септември 2020 - 21:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.