Кај и да си за Бадник дома да си!
Вака гласи народната традиција, завет и исполнување од дамнина - семејството да е заедно на Бадникова вечера во очекување на убавата вест за Христовото раѓање.
Доказ дека тоа со години и векови било традиција и на овие простори е фотографијата која ја споделуваме во Ретро Фото рубриката, а потекнува од 50-те години на минатиот XX век.
На фотографијата, која е стара веќе 70 години, главен лик за споменатата народна традиција е војникот Пене Дојранлиев, кој доаѓа на отпус од отслужувањето на воениот рок во тогаштата ЈНА и без да се пресоблекува од патот, облечен во војнички шинел, побрзал да ја најде вереницата, неговата сакана Милева и да се упати на Бадникова прослава со членови од семејството, конкретно кај својата сестра Олга, мажена Трајкова.
И војска да си за Бадник дома да си, така „вели“ фотографијата.
Убава традиција во предвечерието на оваа Бадникова вечер.
Ви посакуваме и Вие да се почестите со семејството со заедничко собирање, во здравје и среќа, во желби за радости и благодет во животот. Ако не се сите тука вечерва со Вас, споменете ги, ќе Ве споменат и тие.
Убави празници!
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен