„Ја заслужуваат секоја пофалба и благодарност!“
Со ваквата мисла и желба да се искаже благодарноста на најзаслужните за одржувањето на јавното здравје, посебно во битката со вирусот кој го промени светот, денеска децата од Центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија ги посетија здравствените херои од Гевгелија.
Тоа се работниците, лекарите, медицинските сестри и помошниот персонал од ковид одделението, Дневниот ковид центар и пунктот за изведување корона тестови во состав на Општа Болница Гевгелија.
За пожртвуваноста, несебичната грижа, посветеноста на борбата против КОВИД-19 ги здружија на едно место, во дворот на гевгелиската Болница благодарните деца од Центарот Мајка Тереза и насмеаните лица на здравствените работници за нивната препознаена вложеност во најголемата здравствена битка на столетието - битката со короната.
Заедно со испорачаните цветови за внимание децата ги искажаа и честитките за Новата Година ипретстојните празници:
- „Денес дојдовме од името на сите деца и тимот на Центарот Мајка Тереза да Ви заблагодариме за Вашата посветеност, несебичност и грижа за граѓаните во овој период. Воедно Ви ги честитаме Новогдишните и Божиќните празници. Благодариме од срце за се'!“ - се вели во пораката од овој несекојдневен тим на благородни лица.
Секое добро за сите чинители во справувањето со овој опасен вирус.
Почит за здравствените работници, почит за искажаното внимание на нашите деца и тимот од Центарот „Мајка Тереза“.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на