Најстарата црква во Гевгелија, Вознесението Христово попозната меѓу народот како „Свети Спас“ деновиве во својата внатрешност добива нов фреско-живопис од страна на домашни зографи.
Скелињата се одамна поставени, основната подлога се нанесува, а на неа се исцртуваат нови фреско-живописи.
Во време кога пандемијата запре, или десеткуваше многу од стопанските дејности во целиот свет, донаторството за црковниот фреско-живопис не престанува, напротив продолжува со милоста на домашни поклоници на црквата, нашинци во светот, донатори од странство.
Така, нашиот објектив ги затече во полн ек на работа зографите.
Црквата „Свети Спас“ во Гевгелија е и најстарата црква во градот и според преданието е изградена во 1842 година. Таа е зографисана, но во неа нема насликано постар фреско-живопис. Иконостасот е нов, со три реда икони. Иконографскиот репертоар го сочинуваат: престолните икони, иконите на големите празници и иконите на светите апостоли. Во 2006 година, е извршна реконструкција на тремот со масивен камен и нов покрив од керамиди, а локални донатори и цели фамилии од Гевгелија донираа за фреско-живописот насликан на ѕидот од самиот трем со мотиви од христијанската религија.
Од донаторите за Гевгелија.
Да ни' е на помош Свети Спас заштитникот на Гевгелија.
Галерија
https://www.gevgelijanet.com/index.php/2014-01-09-21-19-29/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE/5585-nov-fresko-zivopis-cv-spas-gevgelija.html#sigProGalleria8c5b2b5702
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на