Објектите, просториите за престој и игра на децата во гевгелиските детски градинки денеска добија третман на дезинфекција пред престојниот старт на работа на оваа установа за згрижување на деца од предучилишна возраст.
ЈОУДГ „Детска радост“ ваков третман спроведе и во текот на месеците мај и јуни со целосна дезинфекција и дезинсекција на просториите и дератизација на дворните површини. Расположивиот работен простор на градинките е со нето корисна површина од 5.064 метри квадратни, а дворната површина во сите шест објекти заедно опфаќа простор од 25.858 метри квадратни. Тоа значи дезинфекција, дезинсекција и дератизација на целиот простор кој овие седум месеца беше надвор од употреба, заради сигурност од немање корона закана.
Најавениот старт на отварање на градинките во државата, среда 9 септември и новиот корона бран во Гевгелија наложи повторување на постапката за да се има сигурност дека нашите најмлади членови на заедницата ќе престојуваат во чисти и здравствено безбедни услови.
За престој од 9 септември од вкупно запишаните 800 деца, градинките во овој турнус, согласно протоколот за работа во услови на засилени анти ковид мерки, ЈОУДГ „Детска радост“ од Гевгелија во своите шест постојни објекти ќе прими 440 деца од 0 до 6 годишна возраст.
За нашите најмлади членови на заедницата со грижа и внимание во чисти, обновени, климатизирани, дизинфицирани услови за престој, игра и учење низ игра!
Галерија
https://www.gevgelijanet.com/index.php/2014-01-09-21-19-29/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE/5342-dezinfekcija-na-detskite-gradinki-vo-gevgelija.html#sigProGalleria2c66ecc0bb
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија