Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Штрковите и нивната дома

Вторник, 21 Јули 2020

Градската фамилија штркови сместена во големето прачкасто гнездо на електричниот столб во близина на „Амамот“ во Гевгелија порасна. Освен возрасниот пар се испилија и млади штркчиња за кои се грижат родителите.
Во гнездото се гледаат три млади птици, како со мирнотија на топлото сонце, неинтригирани од тешката механизација непосредно до нив која град повеќекатница, мирно го тераат својот секојдневен ритуал. Долета возрасен штрк носејќи во клунот храна за подмладокот. Штркчињата јадат, мајсторите на зградата работат. Ниту чекани, ниту кранови можат да го пореметат нивниот апетит. Треба да пораснат, а наесен со родителите да го издржат долгиот пат на преселбата до топлите краишта на југ. Најчесто тоа се пределите на Африка и Блискиот исток кои се појужно од нас.

„Вие може да градите колку сакате, ама нашата дома си е дома“ - е девизата која ја остава мирнотијата и неиритираноста на градските штркови од новата градежна гужва околу нивното живеалиште. „Овде ни' се доволни куп гранчиња, слама и прачки скупчени во 1-2 метарски дијаметар. Не ви се мешаме во вашето - Не се мешајте во нашето. На пролет пак ќе дојдеме“ - како да звучи пораката на нашите градски штркови.

Ве разбираме „Дома си е дома. Таму газдувате, таму растете, таму создавате подмладок, од таму ги учите да полетат. Од дома поарно нема“.
Би благодариме за глетката и поздравот со раштраканите клунови.

 

Last modified on Вторник, 21 Јули 2020 - 04:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.