Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Опуштено и без корона во Гевгелија

Понеделник, 11 Мај 2020

Скратениот полициски час за време на викендот на многу граѓани им овозможи да се релаксираат малку во зеленило, во природа.

Шетачи имаше долж мостот на Вардар, но не повеќе од по двајца, на стотина метри растојание, потоа велосипедисти и пешаци по патот до Негорски Бањи, и уживатели на терените на Негорски Бањи. Спортистите се истрчуваа на игралиштето, протрчувајќи ја својата дневна тура за одржувањето кондиција, некои го пропешачија теренот, некои играа со децата. Се на се' граѓани кои се придржуваа на дистанцата од два метра растојание. Но, ниту еден не сретнавме со задолжителна маска. Демек, рекреираат поединечно.

Иако посетеноста на Негорските Бањи беше скромна, корпите за отпадоци „велат“ дека овде поминал повеќе народ од очекуваното. Тамошните одржувачи на комуналната хигиена не престасале да ги испразнат преполнетите канти за отпадоци со фрлена амбалажа, хартии, остатоци од јадења кои шетачите ги донеле со себе, бидејќи тамошниот ресторан не работи за услуги кон клиенти.

Детскиот парк беше преполн од викенд посетители кои ги опседнаа реквизитите за седенка, муабет со сокче, на по некоја цигара. Така беше и во дворовите на детските градинки во Гевгелија. Повеќе возрасни, отколку деца. На сите им треба „надворешна“ вентилација.

Короната замре во Гевгелија. Опуштање треба, но внимателно. Не знаете дали клупите на кои седевте вчера беа дезинфицирани од стопанственикот на објектот и околниот парк во Негорски Бањи. Затоа, да останеме и понатаму доследни на мерките за заштита.


Last modified on Понеделник, 11 Мај 2020 - 22:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.